| четврток, 6 декември 2018 |

За Британците, најсреќен ден е кога Мареј триумфираше на Вимболдон

Анкетата на „Телеграф” покажала дека на 8 јули, денот по освојувањето на Вимблдон на Енди Мареј кој во финалето беше подобар со 3:0 од најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, 78% од жителите на Велика Британија на Фејсбук и Твитер го изразиле своето задоволство, а 70% истото го направиле по затворањето на минатогодишните Летни Олимписки игри кои се одржаа во Лондон.

Покрај историскиот триумф на шкотскиот тенисер кој по пауза од 77 години на Велика Британија и донесе титула на најпрестижниот Гренд слем турнир во светот, на доброто расположение на Британците влијаела победата на рагби селекцијата која ја победила Австралија, како и убавото време и раѓањето на „кралското бебе”.

Економските аналитичари направија анализа дека овие позитивни настани во земјата, можат да помогнат и за зголемувањето на продуктивноста за 9%, како и економски раст од 27 милиони фунти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top