| четврток, 6 декември 2018 |

Иво Ивановски ги прошета девојките од „Бонд“ (фото)

Министерот за информатичка технологија, Иво Ивановски ги прошета членките на гудачкиот квартет „Бонд“. Тој на својот фејсбук профил објави фотографија од прошетката низ центарот на градот, заедно со министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска.

Во квартетот од Велика Британија членуваат Таниа Дејвис (виолина), Иос Чатер (виолина), Елспет Хенсон (виола) и Геј-Ји Вастерхоф (виолончело).  „Бонд“ вистински го размрда светот на стиловите на класичната музика постигнувајќи неверојатни 56 платински и 15 златни дискови низ целиот свет. Сега, прославувајќи ја нивната 10-годишнина, може да се рече дека „Бонд“ постана вистински меѓународен феномен; честопати копиран, но никогаш достигнат!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top