Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, и претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Живко Митревски, денеска порачаа работодавците да ги преземат сите неопходни мерки и да ги почитуваат препораките за заштита на работниците од високата температура.
Како што истакнаа на прес-конференција, идејата е да се дејствува превентивно, да не се чекаат критичните фази со оглед на најавите дека државата ќе ја зафати топлотен бран.
-Доколку не се преземат мерките за заштита и ако Инспекторатот за труд утврди непосредна опасност по безбедноста и здравјето на вработените, со решение ќе се забрани работата во целост, на дел од погоните или технолошкиот процес – рече министерот Спасов.
Ако работодавецот во определен рок не ги отстрани утврдените неправилности и недостатоци, ќе се санкционира според законот, за прекршок со глоба од 5.000 до 8.000 евра за правно лице и со 500 до 1.000 евра за одговорно лице.
Соодветна организација на работата, контрола на работниот процес и проценка на ризик на работните места, избегнување прекувремена работа, користење на паузите за одмор и ако е потребно воведување дополнителни кога температурата е висока особено меѓу 11 и 16 часот, обезбедување соодветни простории за разладување, лесна работна облека и превентива од зголемени опасности при работа (пожари), се само некои од препораките што работодавците треба да ги испочитуваат.
– За спречување на можните последици по здравјето на работниците од високите температури и топлотните бранови, неопходен е повеќедимензионален пристап и вклучување на повеќе институции, министерствата за здравство и за труд и социјална политика, Националниот совет за безбедност и здравје при работа, институтите за јавно здравје и по медицина на трудот, локалната самоуправа, невладиниот сектор и експертите – нагласи Митревски.
Министерот информира дека веќе е изготвен акциски план за превенција од топлотните бранови чија цел е да се избегнат ризиците по здравјето на работниците. Планот ги обврзува државните инспектори за труд месечно да вршат по 40 надзори кај правни субјекти со што ќе го утврдуваат спроведувањето на регулативите.
Согледувањата на ССМ покажуваат дека најризични работни места и најмногу на удар од високата температура се градежништвото, земјоделството, енергетиката, металургијата, сообраќајот, прехранбената индустрија, текстилот, армијата, полицијата.
Минатата година кога Македонија беше зафатена со портокалова фаза, инспекторите за труд дневно реализираа по 80 надзори. Нивните решенија работодавците ги почитуваа поради што не беше покрената ниту една прекршочна постапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Спасов: Предвидени се голем број проекти за подобрување на животниот стандард на граѓаните
-
СДСМ и Ременски немаат никаков кредибилитет да говорат за пензионерите
-
Никој во земјава не се чувствува безбедно: Чаушите во СДСМ организираа криминално–полициска местенка и медиумски линч на Диме Спасов
-
Дебело досие и дебели лаги: Криминалецот Динарица во одбрана на Спасовски


