| четврток, 6 декември 2018 |

Легендите Јашин, Еузебио, Зелер, Шиманијак… не ги заборавија Скопје и настраданите од земјотресот

Лав Јашин, Еузебио да Силва, Уве Зелер, Масопуст, Лала, Шнелингер и уште неколку светски познати фудбалски имиња од средината на минатиот век гостуваа во Белград во септември 1964 година, како фудбалска селекција на Европа, против репрезентацијата на тогашна Југославија во натпревар од хуманитарен карактер. Целта била да им се помогне на настраданите од земјотресот во Скопје.

fudbal-zemjotres-001-(1)

Една година претходно, на 26 јули, нашиот главен град го погоди катастрофален земјотрес, а помошта стасуваше од сите страни. И фудбалерите од Европа, и тоа најквалитетните во тоа време, не ги заборавија страдањата на жителите од Македонија и дојдоа во Белград да одиграат ревијален меч, за помош на скопјани.

fudbal-zemjotres-003

Пред 20 илјади гледачи Европа ја победи Југославија со 7-2, но исходот и не е толку важен. Значајно е што спортистите покажаа дека имаат големо срце и хуман карактер.

fudbal-zemjotres-002

Натпреварот на стадионот „ЈНА“ се одигра пред 20 илјади гледачи, во организација на УЕФА и на ФИФА. Целиот приход беше наменет за помош на разурнатото Скопје, за да им се пружи рака на жителите на нашиот главен град, колку што може да се помогне на семејствата на настраданите.

 

Европа: Јашин, Лала, Шнелингер, Плускал, Месељ, Вороњин, Масопуст, Еузебио, Аугусто, Зелер, Симоес (Шандор).

Југославија: Шошкиќ (Шкориќ), Белин, Јусуфи, Мелиќ, Чоп, Васовиќ, Самарџиќ (Чебинец), Замбата, Галиќ, Костиќ, Скоблар

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top