| четврток, 6 декември 2018 |

Скопската Железничка ќе добие нов изглед

Холандската компанија “Гронтмеј” го подготвила проектот за реконструкција на Железничката станица во Скопје, пишува порталот Билд.  Сега, откако проектот е изработен, се чека тендерот за избор на изведувач на градежните работи.

 Се уште не е познато дали ќе има само еден тендер или пак реконструкцијата ќе опфати неколку компании кои.

-Ќе се направат два лифта и подвижни скали за приод до пероните, нов информациски систем на влезот и на пероните, систем за разглас, ново осветлување, адаптација на санитарни чворови за лица со посебни потреби, климатизација, подигнат и реновиран под со плочки за полесно влегување во возот – вели помошник директорот за општи работи во МЖ-Инфраструктура, Петар Спасовски за порталот Билд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top