Вечерва во Скопје свој концерт одржа оркестарот на Кинескиот конзеравториум од Пекинг. Настапот се совпадна со одбележувањето на 20 години билатерални односи со Кина и 50 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје. На присутните им се обрати министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, која подвлече дека преку настапот на оркестарот на Централниот музички конзерваториум од Пекинг, одбележуваме 20 години од воспоставувањето на билатералните односи меѓу Република Македонија и Народна Република Кина, прославуваме 20 години во кои релациите меѓу нашите две држави внимателно се градеа и се унапредуваа на сите политички нивоа и во сите општествени сфери.
– Токму затоа, голема привилегија за македонската јавност и за сите нас е што по успешното претставување на амбасадорот и чувар на македонската фолклорна традиција, ансамблот „Танец“ во повеќе градови во Кина, вечерва имаме можност да се запознаеме со еден сегмент од богатата традиционална кинеска музичка култура преку настапот на оркестарот на Централниот музички конзерваториум од Пекинг – истакна Канчевска-Милеска.
– Македонија памети, македонскиот народ никогаш нема да ги заборави пријателски подадената рака и помошта од кинескиот народ при катастрофалниот земјотрес во 1963 година. Со гордост се сеќаваме и на посетата на претседателот Хуа Гуафенг во 1978 година кој од овде, од Скопје, му порача на светот дека илјадагодишната култура на македонскиот народ е неоспорен факт на Балканот – заврши министерката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.