Најтрофејниот европски тренер Жељко Обрадовиќ формира вистински дрим-тим во Фенербахче, а нов член на клубот од Истанбул е Линас Клеиза. Литванскиот репрезентативец ја напушти НБА, каде беше член на Торонто репторс и стаса на Босфорот.
Клеиза ќе му биде соиграч на македонскиот репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб, а пред Литванецот, Фенербахче се засили и со српскиот репрезентативец Немања Бјелица. Обрадовиќ најавува уште неколку трансфери на кошаркари во Фенер, со цел да се направи конкурентен тим за настапите во Евролигата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.