| четврток, 6 декември 2018 |

И Џулијано Гема се „навлече“ на ајвар и галичко сирење на „Џифони“

Фотографиите од Македонија, македонското вино, галичкото сирење и производите како ајвар, лутеница, малиџано како и разниот рекламен материјал ги привлече сите посетители на приемот, меѓу кои и Џулиано Гема, легендата на вестерн-филмовите, пишува порталот „Култура“.

На стадионот Giffoni Valle Piana Stadion Comunale “Troisi”, македонската група „Фолтин“ имаше прекрасен настап со голем број посетители кои имаа можност за првпат да ја почувстуваат и да уживаат во прекрасната музика на бендот, кои преку песна и динамичен перформанс успеаја да ја разиграат публиката.

foltina_na_giffoni_festivalot-480x320

Вчера (24 јули) почна Фокусот на македонските кратки филмови: „Бардо“ на Марија Апчевска, „Девојчето со кибритчињата“ на Филип Матевски, „Синот“ на Марко Ѓоковиќ, „Образ“ на Стефан Сидовски и „Жарче“ на Томислав Алексов.

Потоа, Директорот на Филмскиот фонд, Дарко Башески и Директорката на Кинотека на РМ, Мими Ѓоргоска-Илиевска, беа примени од Паоло Русомандо, градоначалникот на Џифони. На средбата Паоло Русомандо го изрази задоволството во однос на воспоставената соработка со Филмскиот фонд како и желбата размената на искуства помеѓу двете земји, односно преку институциите од областа на филмот да продолжи во иднина.

makedonski_den_na_giffoni1-480x320

Градоначалникот напомена дека Giffoni Experience е можност за воспоставување на соработка помеѓу Општината Џифони и Градот Скопје кои како поддржувачи на фестивалот ќе имаат можност да разменат искуства како и да воспостават соработка во други области. Вооедно го најави своето доаѓање на фестивалот во Македонија каде што за прв пат ќе има можност да се запознае со убавините на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top