Продуцентската куќа „Скај ај ентертејнмент“ („Sky Eye Entertainment“), која се грижи за кариерата на младата пејачка Рената, е една од ретките независни продуцентски куќи во светот кои добија зелено светло за приклучување кон „Vevo“, најпрестижната музичка видеомрежа која е под контрола на најголемите светски музички продукции.

– Не сме изненадени поради тоа што го добивме овој канал, секако дека ни е драг и значи полесна промоција за нашата Рената, но кога ќе се подготвите добро и имате развиено одлична комуникација со клучните фактори во големата музичка индрустрија, сè е полесно и доаѓа сосема природно, впрочем како што и се изгради нашата соработка со Рената – додаде Зоран Алексиќ, композитор и основач на „Скај ај ентертејнмент“.
Рената во изминатиот месец го сними своето прво музичко видео за актуелната песна „Please Stay“, кое својата официјална промоција ќе ја доживее на нејзиниот канал на „Јутјуб“ „Rennata VEVO“ каде што сите посетители ќе можат да го проследат на почетокот од следниот месец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


