Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, планира да го стопира проектот „Скопје 2014“, да ја урне триумфалната порта и да ги отстрани најголемиот дел од спомениците, така што ќе ги размести низ помалите градови во земјата, пишува „Фајненшл тајмс“ во својата репортажа за проектот „Скопје 2014“ објавена завчера на веб-страницата на весникот.
– Најголема грешка на владата беше тоа што го почнаа проектот без да се консултираат со граѓаните, кои, го плаќаат проектот. Гласачите одлучија дека тоа беше прескапо и беа во право. Ние се соочуваме со големи трошоци кои не можеме да си ги дозволиме и немаме поим каде отидоа парите – вели Жерновски.
Новинарката Керин Хоуп во својот текст, освен со Жерновски, разговара и со премиерот Никола Груевски, кој вели дека главниот град во последните години се претворил во туристичка атракција со потенцирање на богатото, но малку познато културно наслество:
– Ние сме млада држава, па кога прогласивме независност од Југославија, бевме нација со своја историја, но без споменици и статуи. Сега имаме околу 30-40 споменици вклучувајќи ја и триумфалната порта изградена да ги претставува нашите први 20 години од независноста. Ќе градиме и други – вели Груевски за „Фајненшл тајмс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Богдановиќ најави дека некои објекти од проектот Скопје 2014 ќе бидат дислоцирани
-
За Скопје се заинтересиравме откако прочитавме за проектот „Скопје 2014”
-
Јанев за „Дневник“: Мојот релјеф стои до делата на Микеланџело, а во Скопје го сквернават
-
Новиот изглед на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура (ФОТО)


