| четврток, 6 декември 2018 |

Лекарски пунктови за заштита од горештини

пуктовиМинистерството за здравство и Здравствен дом – Скопје почнаа со акцијата за бесплатни превентивни пунктови на повеќе места низ Скопје. Таму граѓаните ќе се информираат како да се заштитат од пеколните горештини, за здрав живот, како и брз преглед, да измерат крвен притисок. Ќе се делат и брошури со препораки за заштита од топлотен бран.

Пунктовите ќе работат од 18 до 21 часот. Еден ќе е статичен кај пешачкиот мост до Владата и по два мобилни пункта кои ќе ротираат во општините.

– Досегашното искуство од оваа акција покажа исклучително позитивни резултати. Минатата година во текот на летниот период само во Скопје помош побарале околу 10 илјади граѓани. Дел од нив биле препратени на матичен лекар, а двајца како итни случаи се пренесени во Градската општина болница „8 Септември“ – истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство Никола Тодоров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top