| четврток, 6 декември 2018 |

Велес: Ограбени илегалци од Африка

полицијаСедум илегални мигранти од Африка вчера биле нападнати и ограбени на патот Мамутчево-Иванковци во Велес.

На патот им застанало непознато возило од кое излегле четири насилници. Тие побарале туристите да им ги дадат парите. Еден од насилниците во еден момент извадил нож кој му го ставил на вратот на Ч.Ј. од Сиера Леоне, при што од сите илегалци кои биле исплашени за својот живот одзеле 1.100 евра.

Пред да заминат вандалите ги натерале Африканците да легнат на земја по што избегале во непознат правец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top