Нема да се укине одлуката за условен увоз на пченица и брашно од Србија се додека не заврши откупот на домашното лебно жито и додека пазарот со брашно не се избалансира, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски пред членовите на матичната собраниска Комисија.
Заклучокот од ЦЕФТА од состанокот во Белград е решавањето на проблемот да се сведе на билатерално ниво, објасни ресормиот министер.
– Максимално се трудиме да ја искористиме можноста за откуп на домашната пченица. Имаме разбирање од мелничарите, но и од индивидуалните производители, истакна Димовски.
Изминативе месеци во Македонија се увезени 153.000 тони пченица и 70.000 тони брашно што значително го наруши домашниот пазар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Србија и БиХ ќе ги бојкотираат состаноците на ЦЕФТА во Приштина поради зголемувањето на увозните давачки
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил
-
Две жени се истепаа за евтино пилешко, маж купи 500 кила шекер (видео)