Регулаторната комисија за енергетика предлага цената за топлинска енергија од 1 август годинава да се намали за 2,82 отсто за корисниците на „Балкан енерџи груп“, 2,12 за „Скопје Север“ и за 0,71 отсто за корисници што се греат преку „ЕЛЕМ – Енергетика“.
Цената, како што истакна претседателот на РКЕ, Димитар Петров, на денешната прес-конференција, се однесува за симулација за стан со 60 метри квадратни површина со инсталирана моќ од 7,5 киловати и просечна годишна потрошувачка од 9.000 киловат-часови топлинска енергија.
Ценaта во согласност со најновите измени на Законот за енергетика ќе важи до 1 август 2014 година, а компаниите ќе можат да побараат нејзино зголемување само доколку им се зголемат трошоците за работа за повеќе од 5 отсто.
Конечната одлука за цената РКЕ треба да ја донесе до крајот на месецов, а како што истакна Петров на денешната подготвителна седница производителите, снабдувачите и дистрибутерите со топлинска енергија немале некои поголеми забелешки на предлогот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.