| четврток, 6 декември 2018 |

Тинејџер злоставувал осумгодишник во Виница, па се отрул со апчиња

Мајката на злоставуваното 8-годишно момче синоќа во 19:00 часот во ПС-Виница М.Ш.(1976) од Виница, пријавила дека истиот ден околу 16:00 часот во близина на м.в.Дива Топола, двајца малолетници на возраст од 12 и 13 години извршиле полов напад врз нејзиниот син.

Таа отишла да рзговара со таткото на едно од момчињата. Уплашен од последиците за тоа што го направил, тинејџерот испил 50 таблети „Еутирокс“. Истиот е пренесен во Здравствениот дом воВиница, а од тука во Клиничкиот Центар во Скопје.

Увид на лице место извршила екипа од полициската станица во Виница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top