| четврток, 6 декември 2018 |

Сноуден ќе ги прифати условите на Путин?

edvard snoudenЕдвард Сноуден размислува да ги прифати барањата на рускиот претседател Владимир Путин и да запре со објавувањето на тајните на американското разузнавање, како услов за да остане во Русија, изјави новинарот Глен Гринволд, кој прв соопшти за информациите со кои располага поранешниот соработник на ЦИА и на НСА. Гринволд застана во одбрана на одлуката на Сноуден да побара привремен азил во Русија, нагласувајќи дека таа е  „меѓу неколкуте држави, кои не капитулираат пред американските барања“. Сноуден, кој еден месец се наоѓа на транзитната зона на аеродромот Шереметјево во Москва минатата недела поднесе барање за привремен азил во Русија.
Во меѓувреме, германскиот огранок на „Транспаренси интернешнл“ соопшти дека ќе му ја додели на Сноуден наградата Whistleblower за откривање на масовното американско следење на комуникациите во светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top