| четврток, 6 декември 2018 |

Случајот Митровиќ се уште нејасен

Aleksandar-Mitrovic-saobracajna-nesreca-copyСрпската полиција дури по четири дена ги побара снимките од сигурносните камери поставени на улицата на која 17-годишната Андреја Бојаниќ беше прегазена од Александар Митровиќ, синот на Жељко Митровиќ, сопственикот на телевизијата Пинк, пренесуваат балканските медиуми. За сега не е сигурно дали семафорите ќе бидат на снимката заради аголот на камерите, а доколку ги нема главен збор ќе имаат сведоците и малиот Митровиќ.

Пред четири дена Александар ја прегазил 17 годишната Бојаниќ, побегнал од местото на несреќата во која девојката го загубила животот, а потоа во полиција се пријавил заедно со таткото и со адвокатот. Одреден му е притвор. Инаку според првични информации возел со 60 км на час на уличка каде е дозволено 40. Младиот Митровиќ возачката дозвола ја добил лани, а за време на несреќата возел џип BMW X5.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top