| четврток, 6 декември 2018 |

Младите Срби се пишуваат како Роми заради образовни бенефиции

ucenjeМладите Срби- ученици во средните училишта во Србија се изјаснуваат како Роми, за полесно да се запишат на факултет, стекнат стипендија или места во студентските домови, соопштуваат од српскиот Националниот совет на Ромите.
Кога се декларираат како Роми, кандидатите добиваат право, откако ќе се јават на приемен испит, да се запишат на бесплатна обука надвор од листата, односно во рамки на двата проценти од вкупниот број места на факултетите, колку што се предвидени за националните малцинства и за инвалиди.
– Лажните ромски студенти се појавија минатата година. Освен тоа, уште на прв поглед се гледа дека не се Роми, тоа се гледа и по нивното семејство. Ние, меѓутоа, тука ништо не можеме да направиме. Нивно уставо право е како ќе се изјаснат, вели Михајловиќ.
Според него, злоупотреби најмногу се правеле на елитните факултети, како Медицинскиот и Фармацевтскиот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top