Некогашниот светски шампион во Формула 1, Кими Раиконен деновиве се наоѓа на одмор во Црна Гора. Токму таму синоќа одржа концерт и балканската фолк ѕвезда Светлана Ражњатовиќ – Цеца, а меѓу 5000 гости во публиката се најде и Финецот.

Раиконен до утринските часови уживал во настапот на Цеца во една од најголемите дискотеки во Будва, „Топ Хил“, пренесуваат српските медиуми.

Инаку за два и пол часовниот настап картите чинеле 25 евра, а за оние кои сакаа сепаре кое гледа кон бината требаше да издвојат по 3.000 евра.
Имало и сепареа од 1.000 евра додека пак столовите имале цена од 500 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


