| четврток, 6 декември 2018 |

Центар се откажа од спомениците

Советниците на Општина Центар едногласно одлучија чувањето, одржувањето, заштитата и користењето на спомен обележјата од проектот Скопје 2014 на подрачје на Општина Центар да го отстапи на Град Скопје.

Информираат дека само за одржување на фонтаната „Воин на коњ” и двете фонтани во Вардар во изминатиот годишен период се потрошени околу 145.000 евра, од кои 35.000 евра само за струја.

 

За одржување на сите споменици и фонтани, не вклучувајќи ги плоштадите „Пресвета Богородица”, „Карпошово востание” и мостовите „Око” и оној на уметноста, Општината на годишно ниво има трошок од околу 255 илјади евра.

 

За физичкото обезбедување Општината за период од две години ќе треба да плати речиси 60 илјади евра. За одржувањето на вечниот пламен во паркот „Жена-борец” општинската каса треба да е покуса за 7.000 евра, а две полнења на резервоарот во период од шест месеци чини околу 3.500 евра.

 

„Ова, всушност, се смета како предлог за воспоставување меѓуопштинска соработка меѓу Град Скопје и Општина Центар според одредбите на Законот за локална самоуправа, а меѓусебните права и должности да се уредат со договор што ќе го склучат двајцата градоначалници”, соопштија од Општина Центар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top