Во Управата за безбедност и контраразузнавање при Министерството за внатрешни работи постои електронски запис дека во 1986 година Божин Павловски бил ангажиран за соработка, стои во документите објавени на веб-сајтот на Комисијата за верификација на фактит, која го лустрираше академикот Павловски. Тајните служби за него забележиле дека тој е доста нестабилен и обично изгледа како да е душевно болен, не знаеш кога се смее, а кога ја зборува вистината. На прашања одговарал кратко и неодредено. Посочено е дека за секоја работа во литературата има свое мислење и секогаш настојува да биде земено предвид неговото мислење. Тој изнесувал дека романите на одреден писател не биле вредни, за друг писател дека земал најмногу хонорари и дека бил најголем борец за хонорар и дека во Македонија немало писатели како и тоа дека ниеден од нив не работел. Бил склон на алкохол (вино)
Павловски изнесувал детали од разговорите со своите колеги писатели. Така во приложениот документ добро се гледа дека тој на службите им изнел детали од разговорот со одреден Ј. каде и директно му се заканил дека е „способен и да уништи човек и дека тој како личност стои на стаклени нозе“.
– Тука сум ригорозен и спремен сум секого да уништам – рекол Павловски.
Покрај тоа што Павловски ги оценувал литературните дела на дел од своите колеги како „лук и вода“, тој пред службата изнесувал и дека старите писатели ја користеле својата положба и на тој начин печателе книги и дека ги држеле сите позиции. Нивната поезија и проза била безвредна и носела штета за литературата.
Покрај тоа што известувал за своите колеги писатели, Павловски пишувал и за свештени лица. Во документот што е приложен погоре се гледа како тој за одреден митрополит рекол дека воопшто не е ценет од македонското иселеништво и дека тие не сакале повеќе да го имаат во своите редови.
Во документите исто така е видно дека на службите Павловски им давал информации и поконкретни сознанија за содржината на мемоарите на одредена тогашна видна личност, кои биле понудени за печатење на ИК „Мисла“ и се обврзал за евентуално прибавување на фотокопија од истата.
Павловски со службените лица се договарал да доставува информации за сите ракописи што ќе бидат понудени за печатење, а кои биле идејно-естетски спротивни на курсот и политиката на СКЈ, како и оние кои би можеле да го предизвикаат или поделат јавното мнение.
Тој исто така изнесувал за безбедносно интересни сознанија за општите состојби во сферата на културата и посебно за личности писатели и поети кои биле опседнати со обединета Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нетпрес: Закани кон асистент на претседателот на ДИК, „Главата на мајка ти може да летне далеку“
-
Глобална дигитална едиција „Kindle Books“ збогатена со 12 романи од Божин Павловски
-
Џихадистите со заканувачки постер: Ќе посееме смрт во метрото во Њујорк и…!
-
Детали од заканувачките писма до Коѕијас и грчките министри: Имаме 3 куршуми, по еден за секоја Македонија