Малцинствата во Албанија ќе формираат работна група која треба да изготвуви посебен извештај за положбата и правата на малцинствата во Албанија кој ќе биде доставен до новиот парламент и новата албанска влада. Народниот правобранител на Албанија, Игли Тотозани на средбата со нив ветил дека ќе се ангажира за подобрување на правата на малцинствата.
Според Васил Стерјовски, генерален секретар на македонската партија, МАЕИ, главни барања се признавање на малцинствата на целата територија, изготвување и одобрување на закон за малцинствата, потпишување на Европската повелба за регионални или малцински јазици, образование на мајчин јазик , финансиска подршка на различните активности на малцинствата, како и измена на Изборниот закон каде ќе се гарантира застапеност на малцинствата во парламентот.
Од 12 препораки што Албанија требаше да ги исполни за добивање на кандидатски статус за членство во Европската Унија, 11 препораки се исполнети, додека сеуште не е исполнета само препораката која што е поврзана со подобрувањето на правата на малцинствата.
Овој извештај ќе биде дополнителен притисок за новата албанска влада и законодавниот дом, нагласува Стерјовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.