| четврток, 6 декември 2018 |

Хезболах во ЕУ прогласена за терористичка

hezbolahШефовите на дипломатиите на ЕУ се договорија за вклучување на военото крило на либанската милитантна шиитска божја партија (Хезболах) на црната листа на терористички организации. Така, испраќањето пари и финансиска помош за оваа група ќе се третира кака илегално и противзаконско. Противниците на овој чекор тврдат дека тешко ќе може да се раздели политичкото од военото крило на оваа група, како и дека постои опасност од дестабилизација на внатрешните политички состојби во Либан.
Хезболах е силен политички фактор кој има пратеници во Парламентот и во Владата на Либан. Официјален Бејрут веќе побара од ЕУ Хезболах да не е на црната листа. Досега ЕУ имаше внимателен пристап кон оваа либанска група, третирајќи ја како еден вид стабилизатор на состојбите во регионот, а посебно во Либан, кој долго време беше сцена на сурова граѓанска војна. Промена во ставот настана откако Хезболх застана на страната на властите во Дамаск, додека ЕУ се определи за силна поддршка на сириските бунтовници кои две години се борат за да го соборат од власт претседателот Башар ал Асад.
Хезболах е веќе на „црните листи“ на две членки ЕУ – Велика Британија и Холандија, како и на САД, Канада и Австралија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top