Прва средба на Никола Попоски и Евангелос Венизелос. Шефовите на македонската и на грчката дипломатија во Советот на ЕУ во Брисел денеска разговараа за перспективите за напредок во евроинтеграциите за време на литванско и на следното, грчко, претседавање со ЕУ. Според МНР, разговарано е и за изгледите за динамизирање на дијалогот околу разликата за името, перцепциите за различната политичка приоритетност на спорот во двете земји. Тема на средбата биле и ефектите од должничката и економската криза на билатерално и регионално ниво.
Како што соопшти МНР, двајцата министри ги истакнале заложбите за интензивирање на македонско-грчките односи, потребата од зголемена посветеност на политичко ниво на Атина и користа од отворен пристап и непречен проток за луѓето, бизнисите и идеите меѓу двете земји. Попоски го истакнал интересот за фокусиран дијалог на сите нивоа, особено на највисоко политичко ниво, за да се надмине единствената билатерална разлика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.