Македонскиот репрезентативен центар Предраг Самарџиски го раскина договорот со Литвос Ритас и се пресели во редовите на Црвена звезда. Самарџиски со „црвено-белите“ потпиша договор до крајот на сезоната, а ќе настапува во АБА-лигата и во Еврокупот. Во Белград ќе допатува утре, а за Црвена звезда ќе дебитира во среда на мечот од 4-то коло од Топ 16 фазата во Еврокупот против Уникс.
Во тимот од Вилнус за просечно 15,3 минути оствари 5,7 поени, 3,5 скока и 0,6 аситенции на натпревар. Во Евролигата оствари учинок од 3,9 поени и 3,3 скока по меч. Во кариерата настапуваше и за Партизан, ФМП и за Олин Едирне. Црвена звезда е следниот противник на МЗТ Скопје во рамките на АБА-лигата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


