| четврток, 6 декември 2018 |

Го врзала десетгодишниот син со ланци за да не се дружи со лошо друштво

 majka dete lanec237 годишна мајка од Санта Ана во Калифорнија е уапсена затоа што го чувала десетгодишниот син врзан со ланци околу глуждовите на нозете. Ирма Наваро се правдала дека околу ногата најпрво му ставила парче облека за да го повреди ланецот, а исто така имал и доволно храна и играчки кога ја напуштила куќата. Таа сакала само да биде сигурна дека додека е таа на работа, детето нема да се дружи со членови на некои банди, затоа што во последно време почнал да се задржува надвор до доцна во ноќта.

majka dete lanec

Нејзиниот син, сепак успеал да излезе од станот и скокајќи да дојде пред куќата, каде што го нашле две жени кои повикале полиција.

Самохраната мајка на три деца работела како хигиеничарка. Таа е уапсена и обвинета за злоставување на дете. Децата пак се пренесени во дом и се ставени под старателство на државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top