Тројца каскадери, како на филм, спасија жена која сакаше да се самоубие со скок од 14 кат на зграда во Сан Диего.
Во моментот кога каскадерите вежбале точка која требало да ја изведат во филмот „Kick ass 2“, слушнале како минувачи ѝ довикуваат на жената да не скока. Таа била на балкон на 14 кат од соседната зграда и стоела на самиот раб.
Таа не забележила кога во станот влегле каскадерите, а еден од нив ѝ се приближил и цврсто ја зграпчил со рацете, по што ја однел на безбедно.
Каскадерот вели дека стигнале во вистински момент затоа што жената веќе била подготвена да скокне.
– Да стигневме две секунди подоцна, ќе скокнеше – вели каскадерот Грег Сарџент.
Полицијата подоцна соопштила дека жената била под дејство на алкохол и несреќна поради раскинување на врската.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.