| четврток, 6 декември 2018 |

Жените љубоморни на двосмислени пораки, мажите на смајли

Истражувачите откриле дека оние лица со повисок степен на интелигенција или повисоки просечни оценки се најљубоморни

facebookЖените се љубоморни кога нивниот партнер ќе прими некоја двосмислена порака, додека мажите се лутат кога нивната партнерка ќе прими порака која на крајот има emotion – велат резултатите од новата студија што ги обработува начините на однесување, емоциите и љубоморните мисли што ги имаат мажите и жените поврзани со тоа што се случува на Facebook.

Студијата посочува  дека луѓето кои имале подобри оцени на факултет имаат поголема веројатност да доживеат чувства на романтична љубомора на Facebook. Од студентите било побарано да замислат сценарио како во inbox-от на својот партнер или партнерка гледаат порака од личност од спротивниот пол која вели: „ Што правиш подоцна?“.

Истражувачите откриле дека оние лица со повисок степен на интелигенција или повисоки просечни оценки се најљубоморни.

Професорката по психологија Danise Friedman вели:

-Може да значи дека лицата кои имаат повисоки оцени имаат тип на однесување кое ги прави посклони кон љубомора. Студентите со повисоки оценки почесто се свесни за тоа што се случува, покажуваат поголема самоконтрола и имаат тенденција да бидат перфекционисти. Можноста за неверство да перцепираат како вознемирување на нивнот обид да постигнат совршенство.

Студијата покажала дека додавањето на различни emotions ( како насмевка или намигнување), на крајот од пораката, предизвикува повиско ниво на љубомора. Докажано е дека на жените Facebook им предизвикува посилни емоции на љубомора, додека мажите се љубоморни кога на крајот од пораката е ставен emotion.

-Мажите се пољубоморни на сексуално неверство, додека жените на емоционално неверство. Ставањето на emortion со намигнување го перцепираат како кокетирање, и можеби сексуално повикување, што може да објасни зошто на мажите им пречи овој emotion вели Fiedman.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top