| четврток, 6 декември 2018 |

Дали исчезнатата кичевка била жртва на трговија со органи?

Isceznatata-Veselka-Spasenoska-od-Kicevo-1Трајче Спасеноски, сопругот на 56 годишната кичевчка Веселка чие тело пред месец и половина беше пронајдено во водите на реката Треска, се сомнева дека неговата сопруга била жртва на синџирот нелегална трговија со човечки органи. Вели Веселка одамна имала извесни психички проблеми, но со години таа била грижлива сопруга и мајка. Го одржувала семејството, ја чувала својата внука, ниту била склeротична, ниту пак од дома излегувала без најава дури и кога одела да пазари до блиската продавница.

-Се сомневам дека е жената грабната, дека е кидинапирана за органи, така умот ме тераше, ама луѓе ме разубедуваа, правевме муабети дека нема шанси, бидејќи била болна, да не скокнала во река, реков мене никој не може да ме разубедува дека од полиција, нема теорија викаат, а во Кичево имало такви случаи пред две-три години наназад –  реагира Спасеноски, сопругот на Веселка.

За Спасеноски е чудно како сé уште не го добил извештајот од обдукцијата. Доколку е удавена во водите на Треска, а речните риби изгризале делови од телото вели, тогаш зошто Веселка немала коса, и бил изваден скалпот на главата, и зошто едната рака и била пресечена како со пила. Тој инсистира МВР да ја заокружи истражната постапка и да му ги презентира резултатите.

Извор: Телма

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top