Три лица загинале при пад на хеликоптер кај рускиот град Мурманск. Хеликоптерот од типот „Еврокоптер 120“,што падна утринава бил во приватна сопственост. Тој упатил сигнал за помош околу 10.00 часот по локално време на околу 150 километри од Мурманск.
Како што пренесе РИА Новости, во несреќата загинаа три лица, од кои двајца се Британци. Тие биле туристи кои пристигнале во регионот Мурманск за да ловат риби, соопшти регионалната служба за спасување. Спасувачките екипи се упатија на место на настанот, а во тек е истрага за причините за несреќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


