Германската полиција соопштила денеска дека неколку стотици луѓе протестирале пред зградата во близината на Франкфурт за која се претпоставува дека е седиште на американската Национална безбедносна агенција НСА, соопшти „Канал 5“. Демонстрантите со лажни фото апарати ја „сликале“ зградата, нарекувајќи го тоа „обид за шпионирање“ на добро обезбедениот воен комплекс во кој наводно се наоѓа седиштето на НСА, која спроведува тајни програми за електронско надгледување ширум светот.
Еден од демонстрантите носел шлем на кој пишувало „демократијата ве набљудува“. Портпаролката на германската полиција Андреа Леб изјавила дека на протестот учествувале околу 450 луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Спречен терористички напад во Франкфурт
-
Се судрија германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц: Девет лица се повредени


