| четврток, 6 декември 2018 |

Стоп за кинеските играчки во земјите на ЕУ

Денеска во земјите членки на Европската унија стапуба на сила регулатива која предвидува досега најстроги правила. Целта е да се подобри квалитетот на играчките особено поради големиот наплив на играчки од Кина, но новите мерки ќе ги загрозат и европските производители.

Новите забрани воведуваат електронски и механички својства на играчките, а забранета е употребата на неколку десеттини хемиски супстанци за кои научниците тврдат дека може да предизвикаат рак, алергии или да и наштетат на плодноста. Играчките ќе мора да ги исполнуваат сите стандарди за безбедност, а особено ако имаат делови кои може да се проголтаат и да предизвикаат гушење.
-Родителите сега имаат десет пати повеќе прашања за играчките отколку пред 10-20 години, бидејќи сакаат да знаат се за квалитетот, а особено каде се направени. Дури 80 проценти од играчките во ЕУ се од Кина, а новите мерки се однесуваат за сите играчки во ЕУ, без оглед каде се направени, вели Венсан Кебо, продавач на играчки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top