| четврток, 6 декември 2018 |

Грчките медиуми во негативна кампања против македонскиот државен врв

grcki vesniciМакедонскиот претседател Ѓорѓе Иванов упати личен напад кон премиерот Андонис Самарас обвинувајќи го дека не сака решение за прашањето за името, пишува весникот „Та Неа“.  Во безбројните напади кон македонските власти за „иредентизам, национализам, неконструктивност, непопустливост“ и слично, грчките медиуми овој пат го обвинуваат претседателот Иванов дека неговата изјава е „личен напад“ кон Самарас, јави дописникот на МИА од Атина.

– „Коментирајќи го одговорот на грчкиот премиер кон неговиот македонски колега Никола Груевски, Иванов тврдеше дека грчката страна ги одбила сите иницијативи што тие ги презеле, и осврнувајќи се лично на Андонис Самарас рече: Не можеме да очекуваме ништо друго од човекот кој пред две децении го создаде проблемот и сега сака да го избегне неговото решавање“, пишува „Та Неа“.

Други информативни сајтови одат и подалеку коментирајќи дека изјавата на Иванов била „дрска“ и „многу остра“.

– „Писмото на грчкиот премиер Самарас само потврди дека Македонија нема со кого да разговара за да дојде до решение за името. Дијалогот е единствен начин да се надминат несогласувањата. Грчката страна ги одби сите иницијативи што ги преземавме. Не треба да се очекува ништо друго од човекот кој пред две децении го создаде проблемот и сега сака да го избене неговото решавање“, ја пренесуваат грчките медиуми изјавата на шефот на македонската држава.

Грчките новинари кои се занимаваат со спорот за името, вчера преку своите медиуми изразија незадоволство поради тоа што „провледините медиуми во Македонија го обвиниле Самарас за ароганција, затоа што ги одби предлозите на премиерот Груевски…“

Самарас во одговорот на писмото на Груевски ја обвини македонската страна дека „реториката и акциите на Скопје не само што го попречувале разбирањето меѓу двете земји, туку го вртеле и народот против Грција со обвинувањата дека Атина е виновна за сите проблеми на земјата“. Според него, Атина била „конструктивната страна во односите меѓу двете земји“.

Во меѓувреме, некои пратеници во грчкиот Парламент Македонците ги нарекуваат „циганоскопјани“ без никаква осуда од властите. Медиумите потсетуваат на изјавата на некогашниот премиер Мицотакис од пред две децении – „кој ќе се сеќава на Македонија за 10 години“, пишуваат дека грчките иселеници во Битола при посетата на Хераклеа „посетиле дел од грчкото наследство“ и секојдневно ја обвинуваат нашата земја дека „ја краде историјата“.

Спротивно на тврдењата на Самарас, во Грција ниту може да се прочита, а уште помалку да се слушне „поддршка за разбирањето меѓу двете земји“ и потврда за грчката „конструктивност“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top