| четврток, 6 декември 2018 |

Црногорскиот Дубаи отвара можност за вработување на македонски работници

crnagora2Градежни, машински и електроинжинери, електричари, архитекти, дизајнери, специјалисти за безбедност при работа, преведувачи, се само дел од профилите на работници од земјава за кои од септември ќе се отворат од 6.000 до 8.000 работни места во Црна Гора. Овие работници ќе бидат ангажирани при изградбата на елитен туристички комплекс во малото место Kумбор, кое се наоѓа пред Херцег Нови,пишува Дневник.

Луксузниот комплекс, кој според најавите треба да биде црногорски Дубаи, вчера објави оглас за претквалификација на заинтересираните лица и фирми, кои подоцна може да се пријават на официјалниот конкурс. Kомпанијата соопштува дека огласот е отворен за поединци и фирми од Црна Гора, но и од земјите од регионот.

Раководството на компанијата најави дека изградбата на комплексот ќе почне во септември, а треба да биде завршен до 2016 година. Проекциите се дека целиот проект ќе чини 258 милиони евра.

– Ова засега е најголем туристички проект во Европа, а за негова реализација ги имаме сите потребни пари. Kомпанијата веќе има мал менаџерски тим, кој го сочинуваат луѓе од Црна Гора. До септември ќе вработиме 150 лица, а во текот на изградбата ќе бидат ангажирани од 6.000 до 8.000 работници – изјави извршниот директор на „Азмонт инвестментс“, Џејмс Вилсон, за црногорските медиуми.

Македонските градежници сметаат дека овој проект е добра шанса за да добијат ангажман, особено сега, во период на економска криза. Градежните компании велат дека ќе го разгледаат проектот и ќе одлучат дали да се пријават.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top