| четврток, 6 декември 2018 |

Нов ужас во САД: Десет години ги чувале заробени во гаража

 kidnapirani vo sadЧетири мажи и четири жени биле држени во нечовечки услови во гаража во американскиот град Хјустон. Дел од нив таму минале 10 години, соопшти полицијата.

Киднапираните биле пронајдени откако полицијата добила телефонски повик. Тие биле измамени со цигари и алкохол, а нивниот киднапер ги затворил во гаража за да може да ги користи парите од нивната социјална помош. Според американските медиуми, киднапираните биле на возраст од 50 до 80 години. Тие биле неухранети, а жените имале ментални проблеми. Истражителите се уште се обидуваат да утврдат колку време минале луѓето во заробеништво. Во врска со случајот, еден е притворен, но полицијата се уште не соопштува детали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top