Македонската заедница од Викторија на 10 август во Мелбурн ќе одржи мировен комеморативен марш по повод 100 години од поделбата на Македонија со Договорот во Букурешт, со кој уште еднаш на Австралија и на светот ќе им покажат дека се заедница за респект и почит, се вели во соопштението.
Според планот, маршрутата започнува со старт од Карлтон Гарденс, па се до Парламентот во центарот на Мелбурн. Македонците и сите поддржувачи на обесправените нации од Мелбурн и останатите градови, можат да бидат дел од овој настан и да дадат свој придонес, како присет и потсетување за договорот направен во 1913 година од страна на големите сили со кои започна голготата над македонскиот народ.
Маршот ќе се одржи во сабота на 10-ти август со почеток во 11 часот од Carlton Gardens, Victoria Street Melbourne од каде сите македонски друштва, организации и поединци ќе можат организирано да тргнат кон Парламентот.
Организатор на овој мировен протест и комеморација на настаните кои ја одбележаа поновата историја на Македонија е Македонско Австралиската организација на заедницата од Мелбурн.
– Точно пред 100 години на 10 август, 1913 во Букурешт, на тој ист ден големите сили одлучија да ја поделат Македонија на три дела. Тој меѓународен договор содржи разгранучување територии помеѓу завојуваните страни од Првата светска војна, со кој тогашните мали балкански држави станаа поголеми територии и се проширија за сметка на македонските етнички територии. Вистината е дека Македонија беше поделена на три дела, а таа поделба и ден денес ја преживува како резултат на неправедното присвојување од страна на тогашна Грција, Бугарија и Србија. Од тогаш, па и денес, Македонците беа принудени и станаа избегалци од сопствената етничка територија. Илјадници беа принудени поради насилната политика и вооружените судири во 20 тиот век да ги напуштат своите родни огништа и никогаш повеќе да не се вратат во својата татковина дури и после Втората светска војна. Балканските војни во тој период и Првата светска војна го разединија Македонскиот народ, а Букурешкиот договор со дозвола од големите сили беше црн печат за македонскиот етникум кој и денес има силно влијание по македонската реалност. И оваа 2013 година одбележуваме 100 години окупација на Македонија и 100 години геноцид врз македонскиот народ кој се уште трае со благослов на Европа и барањето на Атина за промена на државното име Македонија. Уште еднаш на Австралија и светот да ја покажеме нашата обединетост, цврстина и решеност како заедница. Да покажеме дека сме заедница за респект и почит, порачуваат од Македонско Австралиската организација на заедницата од Мелбурн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.