Илија Илов е дечкото кој од видеозаписот за најновата песна на Тоше Проески насловена „Све је премало за крај“ за која музиката и текстот ги направи Јелена Трифуновиќ, а аранжман е на Никша Братош. Покрај Илија во спотот се појавува и манекенката Маја Ристеска. Двајцата модели се дел од модната агенција Моделс – ИН.

Илија Илов зад себе има бројни модни ангажмани, реклами, едиторијали, ревии, не само во Македонија, туку и надвор од нашите граници.
-Тие што ме познаваат знаат дека во мојот живот Тоше испиша голема страница. Егзит Б продукција, мои стари пријатели, беа тие коишто ја препознаа енергетската сличност. Воопшто не глумев, ја оставив неговата енергија да излезе од мене. Пробав да заживеам во неговото дело, го анализирав целото негово дело, на крај затворив очи и ги пуштив сите слики да излезат – вели Илов за дневниот весник Вечер.
Тој воопшто не се двоумел дали да ја прифати улогата. Вели знаел колку му значи Тоше.
-Никогаш нема да украдам ништо од него. Осудата не ми пречи, на неа се навикнав. Јавно се извинувам од длабочината на душата, не пробав да бидам Тоше, пробав да бидам парче од мозаикот којшто ќе го продолжи неговото дело – додава манекенот. Нека плукаат по мене, но нека го остават него во мир – коментира Илов за Вечер.
На интернет пак, вчера се појави честитка од Русија, Украина и Белорусија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


