| четврток, 6 декември 2018 |

Кој ја растури комисијата – Фрчкоски vs Димовски

frckoski

Поради отсуство на политичка волја да се расправа за уставноста на настаните кои се случија на 24 декември, кога пратениците и новинарите беа со обезбедување исфрлени од собраниската сала, претседателот на Комисијата која треба да одлучува за исправноста на овие настани, Борче Давитковски, одлучил да поднесе оставката од својата функција, со што запира работата на Комисијата, изјави денеска професорот и член на Комисијата предложен од СДСМ, Љубомир Фрчковски.

– Јасно е отсуството на политичката волја да се погледне во очигледното, имено, да се најде решение за настаните, кое сите во Македонија и нашите пријатели во ЕУ го очекуваат од нас. Овде не станува збор за наши мислења виз-а-ви нивни мислења, туку се работи за отсуство на политичка волја Комисијата да влезе во остварување на дел од нејзиниот мандат, врз основа на мартовскиот договор. Тоа е делот во кој се обврзува комисијата да расправа за уставноста на настаните – изјави Фрчкоски.

ilija-dimovski

Во телефонски разговор вчера меѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев, беше понудено експертската Комисија која расправа за настаните од 24 декември да продолжи со работи од понеделник, бидејќи таа го има целосниот правен легитимитет за тоа, изјави членот на комисијата од партијата на власт, Илија Димовски.
– Во Комисијата сега се активни сите четири члена, и таа има целосен капацитет да продолжи со својата работа – изјави Димовски, кој е и член на експертската Комисија.
Димоски е оптимист и вели дека 90 отсто од извештај е готов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top