Кинескиот производител на спортска опрема Ли Нинг, го прекина спонзорскиот договор со познатиот спринтер од Јамајка Асафа Пауел.
Како што е познато, атлетичарот беше позитивен на допинг и е под истрага поради можно прекршување на законот кој ја опфаќа оваа проблематика.
Кинеската компанија во соопштението наведува дека има „многу почит за трудот на Пауел и за неговата напорна работа“ во текот на претходните години, меѓутоа го прекинува договорот со поранешниот светски рекордер на 100 метри бидејќи чека исход од истрагата во Италија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.