| четврток, 6 декември 2018 |

Ова се најлудите суеверија кои мора да ги знаете пред да отпатувате во овие земји

Најдоброто искуство при патувањето го стекнувате кога се запознавате со културата на една земја и со нејзините локални обичаи, ритуали но и суеверија.

Во продолжение, погледнете што мора да знаете пред да отпатувате во некои од наведените земји.

Индија

Во Индија никако не смеете да викнете некој кој веќе излегол од домот во случај да сте заборавиле да му кажете нешто. Се верува дека со тоа ќе му донесете лоша среќа, па затоа морате да кажете се’ што имате пред тој да излезе од домот.

Италија
Многу Италијанци веруваат дека бројот 17 е анаграм за VIXI, што значи “живеев”, симболичен начин да се предвиди смртта. Затоа, Италијанците избегнуваат да патуваат на 17-тиот ден од месецот и воглавно се плашат од овој датум, како што Американците се плашат од петок 13-ти.

Кина
Бројот кој го одбегнуваат Кинезите е четири. Во многу згради во Кина дури и не постои четврти кат, туку лифтот ве носи од третиот директно на петтиот кат.

Норвешка
Клетвите се лоша работа, но тоа не е случај во Норвешка. Просечниот Норвежанец кој вели “тви, тви” ви фрла „клетва” со која ви посакува се’ најдобро кога тргнувате на пат.

Русија
Русите имаат интересен обичај пред патување – тие седнуваат на куферот бидејќи веруваат дека тоа ќе им донесе среќа во наредните денови.

Велика Британија
Во САД се верува дека црна мачка која ви го пресекува патот е лоша среќа, но во Велика Британија е обратно – Британците ја сметаат црната мачка за вистинска среќа.

Јапонија
Јапонците сметаат дека перницата за спиење која е свртена кон север го скратува животот, па затоа немојте да се чудите на распоредот на креветите и перниците во собата кога ќе отидете во Јапонија.

Романија
Романците сметаат дека излегувањето од некоја друга врата, а не од онаа од која што сте влегле, носи лоша среќа.

Португалија
Луѓето во Португалија не сакаат да одат наназад. Ретко кога ќе забележите некој од оваа земја да го изведува познатиот „Moon walk” бидејќи одењето наназад се смета за „прозивање на ѓаволот на вашиот пат”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top