| четврток, 6 декември 2018 |

Фрчкоски: Охридскиот договор треба да се вметне во амандманите, но не со историските договори

Професорот на Правниот факултет Љубомир Фрчкоски на јавната расправа за уставните амадмани изјави дека предлагачот на амандманите треба да нагласи дополнително три компоненти: дека не се загрозува граѓанскиот карактер на Уставот, да се потенцираат идентитетските одредници и дека решенијата се во рамки на уставните стандарди и не се измислени само за нас.

Фрчкоски се осврна на предложените амандмани со забелешка дека во делот на преамбулата треба да се вметне Охридскиот договор, но не во истата реченица со историските документи и со Уставот од 1991 година.

Во однос на четвртиот амандман, тој смета дека треба да се додаде и дека Републиката го штити и гарантира идентитетот во првиот став. А во третиот, Републиката се грижи за дијаспората само кусо без да се наведуваат припадниците на македонскиот народ кои живеат во странство или да се наведуваат други заедници. Во однос, пак, на постојаното потенцирање дека Македонија нема територијални претензии Фрчкоски вели дека тоа звучи како да зборуваме за моќна држава како Русија па како другите држави на Балканот да се плашат.

Предлогот на Фрчкоски кој се однесуваше за дијаспората беше прифатен од повеќето дискутанти и професори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top