| четврток, 6 декември 2018 |

Дали власта се служи со удбашки методи: Кој ги снима протестите на опозицијата од објектот на Владата (фото)

Кој го снимаше протестот на опозицијата во Скопје? Ова прашање се наметнува откако дел од граѓаните на вечерашниот митинг забележаа како се снима маршот на опозицијата од простории во објектот на македонската Влада.

Курир ги објавува фотографиите кои беа испратени до нашата редакција, а на кои се гледа како лице од најгорниот кат на владата со видео камера го снима собирот на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните прашуваат дали се применуваат удбашки методи врз симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ со цел да се изврши некаков вид на притисок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top