недела, 20 јануари 2019 | Вести денес: 0 ново

Мицкоски: Има ли нешто да издвоиме и да речеме, добро е, тргна работата. Нема! Доста е!

Време е да кажеме доста на она што на Македонија и го прави оваа Влада– посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ; Христијан Мицкоски, пред насобраниот народ пред Владата на Македонија, искажувајќи го револтот од работењето на власта и одлуките кои таа ги носи.

Тој им се заблагодари на, како што самиот кажа, најхрабрите што се одважиле и минатата среда, но и оваа среда, како и секоја наредна среда и четврток и петок, понеделник, вторник да излезат на платото ред владата или низ улиците низ земјата, да се мобилизираат и да и го нанесат на сегашната владаннајтешкиот пораз во историјата на Македонија. Ги поздрави и оние кои се дома, не можат да дојдат поради притисоците и заканите од страна на функционери поставени од оваа влада.

Тие не можат да дојдат, но со нивните срца се со нас – рече Мицкоски, додавајќи:

Претреси им прават на нашите браќа, нашите поддржувачи, им упаѓаа во пет саат дома, да најдат една петарда и да ги малтретираат цел ден во полициска станица. Доста е! Ќе ве победиме жестоко. Тоа ќе го видите на следните Претседателски избори.

Тој посочи дека се очекува од државата да обезбеди сигурност, економски развој, подобар стандард, вработување за секој млад човек, полни паркови и насмејани лица во следната 2019 година.

-Ако тоа не ни го овозможи оваа влада ќе ја смениме. Ќе донесеме друга влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ви ветувам и сето ова ќе го исполниме. Сонот на сите граѓани е да ги гледа своите најблиски, роднини, соседи, среќни, насмеани и весели. Луѓето стануваат се поразочарани гледајќи дека нема иднина, дека овие што се во оваа зграда не можат да понудат ништо за подобар живот. Гледаме само црнила. Ќе речете од каде црнила?! Зар има нешто поразлично од црнила од она што и се случува на Македонија. Зар има нешто да издвоиме и да речеме, добро е, тргна работата. Нема! Доста е! Веднаш да заминете. А првиот знак, вистинското место каде припаѓате ќе ви го покаже народот на следните претседателски избори. А тоа место е буниште – рече Мицкоски.

 

Мицкоски: Ќе дојде ден кога Кацарска и Русковска ќе пропејат за сите нарачки

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top