| четврток, 6 декември 2018 |

Како беа бирани експертите „кои дебатираат“ за уставните измени

„Транспарентнoста е важна работа, џабе работиме ако граѓаните за тоа не знаат„ оваа изјава на премиерот е повторена неколку пати, но во пракса денешната јавна дискусија за уставните измени е само уште еден доказ дека важи но селективно – кога се во прашање истомисленици на власта. На денешната и на сите останати дебати сите учесници, кои се директно поканети од власта, се само експерти кои го поддржуваат преспанскиот договор и уставните измени. Ако процесот е транспарентен и е јавна дискусија зошто ги нема видните уставни познавачи кои го критикуваа договорот?
– Не би се сложил дека на дискусиите има само поддржувачи на власта, има имиња и на професори блиски до опозицијата, па дури и високи функционери, вели Бошњаковски.

Со овој одговор Бошњаковски сакаше да каже дека во дискусијата се учесници професори блиски до опозицијата, но прашањето е друго:
-Дали ги поканивте Ванковска, Апасиев, Силјановска? Директно?
Ја користам оваа прилика отворена покана да испратам до сите граѓани кои сакаат да учествуваат да го направат тоа, додаде Бошњаковски.

Иако премалку за вакво клучно прашање како ова- јавната дискусија требаше да трае 5 работни дена, на крајот се сведе на 4. Причините вели Бошњаковски, биле технички. Првата дебата требала да биде вчера, но бидејќи објавата на собраниските заклучоци стигнала доцна и требала да се објави во службен весник, денови за дискусија остануваат само 4.

Од имињата кои владата директно ги поканила се професорите Фрчковски, Камбовски, Беса Арифи, а говорници се и премиерот Заев, вицепремиерот Османи, министрите Димитров и Шеќеринска.

Преземено од Алфа

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top