| четврток, 6 декември 2018 |

Главоболката не ви дава мир: Ослободете се од болката со помош на овие 4 техники

Без разлика дали се масирате сами или некој друг го прави тоа, најважно е да се ориентирате на местото каде што почнува болката и со разни движења да покренете циркулација, за да се намали главоболката.

Масажа на вратот и крвните садови
На ова место, главоболката најчесто се јавува поради неправилно држење и стеснување на крвните садови. Иако можете сами да се измасирате, многу полесно е ако има некој да ви помогне.

Тргнете од дното на вратот со цврсти движења на прстите и движете сè до темето на главата, каде што треба да масирате со кружни движења.

Масажа во областа на слепоочниците
Иако главоболката обично се јавува малку над слепоочниците, масирањето на делот од главата што се наоѓа на самиот раб до косата може да биде многу корисно кај тензиските главоболки придружени со чувствителност на светлина. Движењата треба да бидат понежни, бавни и кружни.

Масажа за болка над очите
Најчести причинители на ваквиот вид болка се синусите, а ќе ја ублажите со притискање на точките околу носот и кај коренот на веѓите. Со оглед на тоа што оваа област е нежна, потребно е нежно да ги притискате јазлите кон надворешниот агол на окото.

Главоболка на челото
Ако болката се шири на самото чело, може да се намали со рамни движења и повлекувања на прстите од веѓите кон врвот на челото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top