Поранешен шеф на канцеларија на ЦИА во Италија е уапсен во Панама, во обид за бегство пред италијанските власти, каде што е осуден на деветгодишна казна затвор.
Роберт Селдон наречен Лејди бил осуден во Милано поради вмешаност во киднапирање на египетски свештеник во 2003 година, кој потоа бил изложен на тортура.
Шефот на американската разузнавачка служба со седиште во Милано бил осуден во отсуство заедно со уште 22 Американци за учество во невообичаениот потфат. Италијанските власти засега издале меѓународна потерница само по господинот Лејди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.