| четврток, 6 декември 2018 |

Мекалистер и Флекенштајн на средби во македонскиот Парламент

Во посета македонскиот Парламент денеска ќе бидат претседателот на Комисијата за надворешна политика во Европскиот парламент Дејвид Мекалистер и европратеникот Кнут Флекенштајн, еден од иницијаторите на „Жан Моне“ процесот.

Мекалистер и Флекенштајн, како што е најаваено, ќе имаат средба со претседателот на Собранието Талат Џафери, со потпретседателите, координаторите на пратеничките групи, пратеници и генералниот секретар на Парламентот Цветанка Иванова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top