Европската Комисија денеска треба да го обелодени својот нов акциски план за борба против лажните вести во пресрет на европските избори во мај 2019 година.
Според најавите за медиумите, ЕК ќе бара од големите дигитални платформи како Твитер, Фејзбук и Гугл месечни извештаи за руските кампањи на дезинформации, кои ги таргетираат европските гласачи.
Извештаите ќе се поднесуваат од јануари до мај 2019 и ќе содржат информации за политички реклами како и детали за лажни профили и ботови кои ќе треба да се деактивираат.
Се очекува ЕК да побара од земјите членки значително поголема финансиска поддршка за единицата „Стратком“, која се занимава со детектирање лажни вести од Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст