Откако денеска претседателот на Комисијата за расчистување на настаните од 24 декември во Собранието, Борче Давитковски, најавиповлекување од тоа место поради непоместување на позициите од власта и опозицијата во однос на позициите кон заклучоците и препораките изработени од Давитковски, тој, сепак, остави простор, доколку се најде решение меѓу двете страни, да го потпише документот. Според него, останува на партиите да се договорат без негово присуство.
– Не се сретнав со Давитковски заради обврски, се договоривме да се видиме следната недела, така што немам информации што се случува со Комисијата – посочува претседателот Иванов.
Според претседателот, неговите сознанија биле дека досега Комисијата добро функционирала, а сега ќе почека за претседателот на Комисијата изворно да го информира.
Со став за работите се изјасни и Фрчковски, член на Комисијата од опозицијата. Тој посочува дека се согласувале со извештајот, но дека ВМРО-ДПМНЕ имала забелешки во делот на уставната димензија околу отстранувањето на пратениците и на новинарите од салата. И Фрчковски посочува дека сега е момент кога лидерството на двете партии треба да се договори, но и дека е потребен притисок од европските претставници.
Со свој став, според најавите, наскоро ќе излезе и ВМРО-ДПМНЕ.
Неофицијално, течат консултации и договори меѓу двете најголеми партии, кои, повторно неофицијално, биле блиску до решение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст