| четврток, 6 декември 2018 |

„Фрајраум“ во Музејот на современа уметност

На 7 декември, петок,  со почеток во 19:00 часот, во Музеј на современа уметност во Скопје ќе се одржи вечер посветена на проектот Фрајраум (Freiraum) инициран од Гете-институт. Проектот има за цел да истражи како се доживува поимот слобода во градовите во Европа, кои прашања произлегуваат кога граѓаните, научниците и културните работници локално размислуваат за поимот „слобода“ и кои проблеми може да се препознаат во градот?

Во рамките на својот прекуграничен, европски Фрајраум-проект, Гете-институт по случаен избор одреди 19 тандеми кои формираат тим за да развијат нови идеи на темата „слобода“.

Гете-институт Скопје и неговиот партнер Контрапункт, здружението за развој на критичка теорија, социо-културен активизам и современи културни теми, работат во тандем со Гете-институт Копенхаген и неговиот партнер, Фестивалот за архитектура во Копенхаген.

Скопје и Копенхаген се договорија за заеднички формат: Фрајраум-тимот (Freiraum) на организацијата „Контрапункт” од Скопје, како и Фрајраум-тимот (Freiraum) тимот на Фестивалот за архитектура во Копенхаген снимија филм во градот со кој се во тандем.

„Контапункт“ го набљудува градот од перспективата на жителите на градот кои емигрирале од Македонија за да го следат прашањето на Данците: Како „градот“ може да стане односно остане место кое осигурува разновидност и соживот? Од друга страна, данскиот Фестивал за архитектура бара во Скопје одговори на прашањето како можностите за слободен живот во јавниот простор се формираат и се менуваат со текот на времето. Двата кинематографски резултати ќе бидат прикажани на вечерта посветена на Фрајраум-проектот (Freiraum) на 07.12.2018 година.

Ова ќе биде проследено со говор на генералниот секретар на Гете-институт Јоханес Еберт и дискусија со Елена Велјановска од Контрапункт, Сигне Софи Богилд од Фестивалот за архитектура во Копенхаген и со публиката.

Влезот е слободен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top